„Претседателството на Португалија заврши. Постоеше предлог, кој е веќе лански снег, кој што Бугарија го отфрли и колку повеќе ние зборуваме за нешто што веќе не е на маса, толку потешко ќе ни биде да си ја завршиме домашната задача. Се додека не се фокусираме на реалноста, за жал ќе треба да слушаме што ни кажуваат и на крај да креваат рамења, кога нема да го испорачаат тоа“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување на дневникот на ТВ Сител.
Според него, многу работи ќе се променат со словенечкото претседателство со ЕУ.
„Целосно ќе се ставам на располагање на словенечкото претседателство за интеграциите на Македонија. Јанша знае со какви луѓе од овде си има работа. Нема ништо ново да му кажам, тие зборуваа лошо за него. Сепак, тој е голем пријател на Македонија“, рече Мицкоски.