-Ќе зборуваме за два клучни проекта кои што ВМРО-ДПМНЕ планира да ги реализира на локално, и на централно ниво, кога ќе ја преземеме власта, од најкорумпираната политичка елита, која некогаш се појавила во независна Македонија. Првиот проект е „мојот данок во мојата општина“. Наместо парите да се трошат во непродуктивни трошоци, скапи ручеци, патувања и други луксузирања, ќе ги уплаќаат во општинскиот буџет. И вториот проект е, етапното институционалното децентрализирање. Имајќи предвид дека Охрид е колевка на културата не само во Македонија, гуку и во светот, планираме сите оние институции кои што се поврзани со културата да ги пренесеме од Скопје во Охрид. Меѓу нив и Министерство за култура. Така ќе постапуваме и со други градови и општини во Македонија, мигрирање на институциите, односно институционална децентрализација, порача Мицкоски од Охрид.