Мицкоски: Не е лицемерно да го критикувам судството, не бев дел од претходната власт

од Aleksandar Todeski
273 прегледи

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју на Националниот сервис зборуваше за критиките кои речиси секојдневно ги упатуваат кон судството. Тој не се сложува со тезата дека е лицмерно да го критикува судството, затоа што според него не е исправно ниту „Сваровски судството“, ниту „Луј Витон судството“.

„Не е лицемерно, јас не сум бил дел од таа власт. Не било добро. Ако имавме „Сваровски судство“, а денес имаме „Луј Витон судство“, не е добро. Порано никогаш не се случиле онакви скандали какви што се случуваат денеска во СЈО. Летале хонорари. Мене ми е непријатно. Јас сум редовен професор и мојата плата изнесува 45.000 денари. Мојата сопруга е класен раководител во еминентна гимназија и нејзината плата е 25.000 денари. На што личат оние месечни хонорари од 5-6.000 евра? Тоа се наши и ваши пари. Па не ли им е срам. Тоа е лицемерно. Па се бореле за правда, каква правда“, рече Мицкоски.

Тој зборуваше за наводните средби на средбите на адвокатот на премиерот и јавниот обвинител Љубомир Јовески, за кои се пишуваше.

„Погледнете колку судии коленичат пред кабинетот на премиерот. Не може човек кој има криминална концесија од минатото, да биде реформатор. Можам јас да бидам, кој што немам, може да биде друг човек кој нема. Не може човек кој длабоко бил заплеткан во криминални скандали, дали тоа било „Глобал“ или „Пуч“, „Поткуп“, небитно, тој човек не може да биде реформатор. Тоа е невозможно. Реформатор може да биде човек кој што секогаш е од страната на законот. Јас се обврзувам. Доколку видите трета бледа копија на Сваровски или Луј Витон судство, подготвен сум да дадам оставка и да кажам дека не успеав во мојата прва заложба да обезбедам правда, независност и на правосудството и на судството“, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека ако дошол на власт, реформите во судството се еден од историските моменти кои ќе ги направи.

„Немам друг мотив, секој од нас треба да си го заслужи местото во историјата, тоа е мој мотив“, рече Мицкоски.

Слични содржини