Мицкоски не ја споменувал здравствената криза, барал процесот со избирачкиот список да се врати на почеток

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната средба со првио човек на СДСМ, Зоран Заев и со претседателот на државава, Стевео Пендаровски не разговарали ниту ја споменал здравствена криза, велат наши извори.

Главна цел, според истите извори, му била да предизвика што поголема збрка со правните прашања за кои законите и процедурите се јасни.

„Најпрво Мицкоски го отвори прашањето дали мисијата на ОБСЕ ОДИХР може да дојде од утре, што е нелогично, мисијата треба да добие точен датум, да се организира и да пристигне. Мисијата веќе најави дека ќе прати набљудувачи“, велат изворите.

Мицкоски спорел и дека ДИК нема доволно време иако законот и Уставот се јасни дека 22 дена по завршување на вонредната продолжува процесот. ДИК сепак е извршно тело.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ барал и процесот со избирачкиот список да се врати на почеток, со увид, иако увидот е одамна завршен.

Слични содржини