Мицкоски: Не можам да се сетам каде има опозиција која има замрзнат имот

од Aleksandar Todeski
204 прегледи

Не можам да се сетам каде имаме опозиција која има замрзнат имот. Не го поставуваме прашањето за кредибилноста на парламентарните избори. Ние зборуваме тоа дека ВМРО-ДПМНЕ е за Закон за Јавно обвинителство, но закон кој ќе биде правичен и ќе нуди правда за сите граѓани во државата, рече на прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Ова што денеска ни се предлага не е добар Закон. Не гледам што е чудно и надвор од принципите да експертите кој беа дел од собраниската Јавна расправа седнат и без разлика дали овој или наредниот парламентарен состав да ги изгласа. Безусловно ви велам дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тој Закон ќе го поддржи, експертите кои учествуваа во Јавната дебата. Колку повеќе губиме време во создавање на мнозинства, толку повеќе ги разочаруваме граѓаните. Се чувствува дека граѓанинот не е суверен за својот глас“, рече Мицкоски.

Според него, проблем бил изборот на Уставни судии, а го спомена и случајот „Рекет“. Спомена и дека имало повеќе медиуми затворени во земјата, електронски и пишани.

„Неправдата која е нанесена, демократски, европски е да се бориме да ја промениме. Дали ние или некоја друга генерација ќе успее да ја промени, ќе видиме како ќе се случи. Не можеме да им забраниме на луѓето да сонуваат, оставете ги луѓето да сонуваат и да ја исправат неправдата која што мислат дека им е нанесена. Тоа е суштината“, додаде Мицкоски.

Тој вели дека договорот за распуштање на Собранието и датумот за избори бил догворена работа, па немал намера да „врти телефони“.

 

Слични содржини