Мицкоски-Петков: Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување

од Берта Китинска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков, која се одржа во седиштето на партијата, се задржал на истите позиции кои се и претходно јавно познати, информира ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со односите на двете земји.

-Имав средба со премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков. На средбата разговаравме за актуелните состојби врзани за односите на двете земји.
Се задржав на истите позиции кои се и претходно јавно познати. Она што беше посочено е потребата за градење на доверба, отворени односи и поврзување на теми и области каде е можна меѓусебна соработка и заеднички бенефит за граѓаните од двете држави. Беше посочена потребата за соработка на темите кои ќе обезбедат иднина, инвестиции во образованието, науката, Коридорот 8 и други проекти важни за двете земји. Наместо блокади, потребни се мостови, отворени односи и взаемно почитување, напиша на ФБ, Мицкоски.

Слични содржини