Мицкоски: Разговарав со позиции кои тврдат дека Газпром ќе ја крене рампата за гас

од Nikola Popovski

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска порача дека „нема намера да биде трговец со гас или трговец со мазут“, во однос на понудените предлози до Владата за справување со енергетската криза.

-Ние во партијата немаме намера да се занимаваме со тоа, туку едноставно ова се позиции кои ги ставаме на располагање на Владата, со што им помагаме на граѓаните и стопанството. Газпром не е позицијата, но на крајот од денот Газпром е директниот извор за да дојде гасот во Македонија. Поразот на сите влади е што сме дозволиле само еден влез во државата. Газпром мора да биде тој кој што ќе одлучи дали ќе се крене рампата. Позицијата со која што јас разговарав, обезбедува гаранција дека тоа ќе се случи, одговори Мицкоски на новинарско прашање после средбата со премиерот Димитар Ковачевски.

Слични содржини