Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на советничката листа за Град Скопје, Христијан Мицкоски си поднесе оставка од советот на Град Скопје, a информацијата ја потврди за ТВ 24.

„Сведоци бевме на најлошо организираните избори во демократска Македонија од осамостојувањето до денес. Притисоци, уцени, закани, поткуп, насилство, злоупотреба на државни ресурси за партиски цели и што ли уште не…, за жал не се свесни дека оваа рана што ќе ја остават позади себе многу тешко ќе зарасне ќе помине…, но борбата против овој ужас ќе, и мора да продолжи, тоа и го должиме на татковината. Продолжуваме понатаму со нашата борба против она што и го прави СДС на татковината и силно го тишти македонскиот граѓанин. Мојата битка против оваа власт продолжува во партијата/организацијата, како генерален секретар заедно со моите сопартици, и секако помеѓу клупите на Универзитетот“, пишува Мицкоски на Фејсбук статус.
Неговата оставка доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ не ги призна изборите и обвини за изборен фалсификат.
Партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ е дека нивните функционери се единствени избрани легално и легитимно и нема зошто да се повлечат, иако партијата не ги признава изборите.