Мицкоски: Та нели сѐ беше во главата на вмровците?

од Nikola Popovski

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот „македонски“ којшто го означува нашиот идентитет.

„А Зоран Заев упорно нѐ убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката „македонски“ се разговара на повисоко ниво, што во превод би значело дека Заев тргува“, истакнува Мицкоски.

Тој прашува дали сѐ било во главата на вмровците, како што се наведувало претходно.
„Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес. Заев е проблемот, а народот е одговорот!“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
И вечерва пред Министерствата за правда и Владата беше оргнизаиран протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини