188
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција не потврди дали 5 јули е можен датум за избори, но рече дека разговори меѓу политичките партии има и нагласи дека нивниот став е јасен.
„Нашите позиции поврзани со предвремените парламентарни избори македонската јавност ги знае, исто така и нашата позиција дека компромис треба да се постигне за интересот на граѓаните и државата, но не по цена на здравјето на граѓаните. Доколку има договор и кога ќе има договор ние ќе и го соопштиме на јавноста“, рече Мицкоски.