Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања

од Берта Китинска
286 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на денешната прес-конференција рече дека на разговорот со Али Ахмети што минатата недела се водеше во Собранието  не се почнати преговори.

– Со Али Ахмети имавме едночасовна средба на таа средба минатата недела во Собранието.  На таа средба Ахмети ме информираше дека ќе отпочне преговори со СДСМ со изговор дека тоа е партијата која победила во македоснкиот блок. Му реков дека не се согласувам со тоа  и дека на  кај Македонците победи ВМРО-ДПМНЕ и убедливо победи, но добро тој е политичар со искуство  и му посакав среќа во преговорите. Коалицијата на ВМРО-ДПМНE има 44 ,а коалицијата на СДСМ 42 пратеника. Заедно со Беса имаат 46 пратеника. Заначи партијата ВМРО-ДПМНЕ е легитимен победник, изјави Мицкоски.

Тој потенцира дека принципите за коалицирање на ВМРО ДПМНЕ се јасни.

– ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања. За тоа како течат преговорите кога ќе имаме нешто конкретно ќе ја информираме јавноста. Но сега ќе почекаме да видиме што договориле СДСМ и ДУИ изјави Мицкоски.

Слични содржини