Христијан Мицкоски втор ден молчи и го нема никаде за неговото скандалозно кршење на ковид проколите, реагираат од СДСМ.
Владеачката партија обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава, а Мицкоски крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните.
-Ништо нема искрено и чесно ниту кај Мицкоски ниту кај ВМРО-ДПМНЕ. Едно зборуваат, друго прават. Ова е вистинското лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно, појаснуваат од СДСМ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ беше снимен пред два дена како се гоштева во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија.