Мицкоски за Змејковски: Во нашите сеќавања ќе остане запаметен како голем човек

од Nikola Popovski
225 прегледи

Се простуваме од човекот кој сиот свој животен век го посвети на својата татковина. Ја поттикнуваше љубовта кон Македонија, но беше и неуморен критичар кон политичките и општествените процеси, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако во јавноста беше обелоденето дека денес починал еден од основачите на партијата, Владимир Змејковски.

Тој напиша дека „Змејковски своето големо искуство секогаш го ставаше на располагање пред сите нас“.

-Владимир Змејковски во нашите сеќавања ќе остане запаметен како голем човек. Почивај во мир, стои во објавата на Мицкоски.

Според информации од потесното семејство, Змејковски починал по долго боледување

Тој е брат на поранешниот долгогодишен функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Борис Змејковски.

Слични содржини