Мицкоски заедно со пратеничката група се упати кон резиденцијата на Водно

од Берта Китинска
388 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со пратеничката група на партијата се упати кон резиденцијата на Водно за да побара средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, за да му објасни како му е доделен мандатот на Зоран Заев без оформено мнозинство.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денешното доделување на мандатот го искоментира како кршење на уставот во кој учесник е претседателот на државата

„Денес од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски беше прекршен Уставот. Без никаков доказ кој е неопходен за поседување на парламентарно мнозинство од најмалку 61 пратеник, тој го додели мандатот за состав на нова Влада на пратеникот Зоран Заев. Од тука, од овој момент не може никако поинаку да се опише оваа состојба освен дека мандатот е узурпиран. Би рекол киднапиран и во рацете на човек како Зоран Заев. Ова претставува продолжување на неславната пракса на кршење на Уставот, при што сега активен учесник е и претседателот на државата“, рече Мицкоски на прес-конференција.

Слични содржини