Мицкоски: Заев може да потпише нов договор со Бугарија

од Nikola Popovski

Информациите кои што ги добиваме се навистина алармантни. Зоран Заев во заминување е подготвен да потпише нов договор, иако нè убедуваше дека ги решил сите прашања со нашите соседи, во кој делумно или целосно ќе ја прифати резолуцијата освоена од бугарскиот Парламент. Тоа преставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот на македонскиот народ, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, после средбата која ја оствари заедно со градоначалникот на Прилеп, со Регионалната стопанска комора.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара со секого за сè она што нуди прогрес и иднина и дека нема да прифаќа никакви уцени.

-Заев е во заминување, па затоа сум загрижен сум дека може да го направи овој потег на самото заминување, а последиците понатаму сите ние да ги плаќаме, потенцира Мицкоски.

Слични содржини