Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја повика ЕУ да создаде заеднички сертификат за вакцинација со цел да се олесни патувањето преку границите, кои се прекинати поради пандемијата на коронавирус.
Грција, која заработува многу пари годишно од туризам, сака да ги оживее патувањата пред да започне летната сезона и веќе направи шаблон за тоа како треба да изгледа сертификатот за вакцинирани лица, објави Ројтерс.
Во писмото до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајан, Мицотакис предложи грчкиот образец да го користи целата Европска унија, а образецот ќе важи за копнениот, железничкиот и воздушниот транспорт.
„Грција нема да нареди вакцинацијата да биде задолжителна за сите граѓани или неопходна за патувања, но луѓето кои биле вакцинирани треба да имаат слободно патување“, пишува во писмото Мицотакис.