Мицотакис по средбата со Вучиќ: Да се задржи отворен европскиот пат за Западен Балкан

од Aleksandar Petrovski
169 прегледи

Се согласивме за потребата да се задржи отворен европскиот пат на земјите од Западен Балкан, а од моја страна имав можност да ги презентирам грчките иницијативи во пресрет на новите случувања, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Продлабочување на билатералната соработка, европската перспектива на Србија и на земјите од Западен Балкан, српската иницијатива да згрижи деца бегалци што се наоѓаат во Грција, железничата линија во регионот, но и фудбалскиот натпревар Олимпијакос – Црвена звезда, беа темите за кои разговараа Мицотакис и Вучиќ на нивната денешна средба, а воедно потпишаа и заедничка Декларација за формирање стратешки партнерски однос меѓу Грција и Србија, јави дописничката на МИА од Атина.

На прес конференцијата по средбата, грчкиот премиер, рече дека заедничките приоритети на двете земји се инфраструктурите и енергетика, споменувајќи го и железничкото поврзување на Грција, Северна Македонија, Србија и Унгарија.

-Во однос на инфраструктурите, двете регионални програми за соработка на Европската унија можат да се помогнат, со основна цел, како што разговаравме, да се заврши железничката линија Пиреас- Солун- Скопје- Белград- Будимпешта. Проект клучен за трговијата и транспорот во голем регионален лак, но и за комуникација на четири соседни народи, рече Мицотакис.

Мицотакис и Вучиќ, по иницијативата на српскиот претседтаел, се договорија, Србија од Грција, да преземе и да згрижи одреден број деца бегалци без придружба.

-Токму оваа негова иницијатива што самиот ја презеде, ја поздравувам, како доказ на практична солидарност, не кон Грција, туку овие деца кои се во трагични услови. Сметам дека е исклучително важен фактот што една земја кандидат за членка на Европската унија со храброст и со смелост презема нејзини морални обврски и ја поддржува Грција во управувањето со овој тежок проблем, рече Мицотакис.

Вучиќ истакна дека одговориле позтивино на повикот на Грција за да им помогнат на децата бегалци.

-Ќе ја преземеме грижата за овие деца и ова не го правиме затоа што некој во Европа помалку или повеќе ќе го цени, тоа го правиме од љубов кон овие деца, рече српскиот претседател.

Во изјавата по средбата во премиерската палата во Атина, тој се задржа на потпишаната декларација што се однесува на шест области, меѓу кои и политиката, одбраната, економијата, културата, науката и образованието и заштитата на животната средина.

Српскиот претседател изрази поддршка за Грција и во однос на грчкото барање за враќање на склуптурите од Партенонот.

Денешниот натпревар меѓу Олимпијакос и Црвена ѕвезда во Лигата на шампиони што се игра во Атина, гокоментираше грчкиот премиер на крајот од неговата изјава на прес конференцијата, велејќи дека тоа била единствената тема за која имало различни ставови.

-Во секој случај победник ќе биде еднен црвено-бел тим, рече Мицотакис.

Грчкиот премиер и српскиот претседател утрово имаат тет-а-тет средба по што следеше и седницата на третиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Србија на кој присуствуваа министри од владите на двете земји.

Освен Декларацијата за стратешко партнерство потпишана од грчиот премиер и српскиот претседател, министерот за надворешни работи на Грција и министерот за образование на Србија, потпишаа Програма за соработка во образованието, науката и технолошкиот развој за перидот 2020-2022 година.

Претседателот на Србија во рамките на дводневната официјална посета на Грција, попладнево ќе оствари средба со грчкиот архиепископ Јеронимос, како и со поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас.

Слични содржини