Мицотакис со поддршка за Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
213 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со неговиот романски колега Николае Чиука за време на официјалната посета на Романија, изјавил дека се залага за што е можно поскоро свикување на првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија.

-Имавме можност да разговараме за случувањата на Западен Балкан. Апсолутно се согласуваме дека местото на Западен Балкан, на сите држави од Западен Балкан е во Европа и можеме да работиме заедно за да го олесниме овој тек. Се согласивме да работиме заедно за што е можно поскоро да се свика првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија, порача Мицотакис.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану на редовниот брифинг со новинарите, ја потврдил поддршката за европерспективата на Западен Балкан.

– Соработуваме со претседателствата на Европската Унија, како со португалското, така и со словенечкото, а сега и со француското за унапредување на ова прашање за кое, како што континуирано имаме кажано, ние поддржуваме веднаш да се свика меѓувладината конференција Европска Унија-Северна Македонија и ЕУ- Албанија, рече Папајоану.

Слични содржини