Мјанмар: Почина девојката која беше застрелана во глава на демонстрациите

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Девојката која минатата недела беше застрелано од полицијата во Мјанмар, обидувајќи се да ги растера демонстрантите, почина денеска, соопшти нејзиниот брат.

Дваесетгодишната Миа Твате Твате Кенг беше приклучена на апарати откако беше примена во болница на 9 февруари.

Таа беше застрелана во главата за време на протестот против воениот удар во главниот град на Мјанмар, Најпијадау, пренесува „Ројтерс“.

Миа Твите Твете Кенг е единствениот демонстрант кој почина откако армијата ја презеде власта на први февруари и ја уапси претседателката на најголемата партија и добитник на Нобеловата награда за мир, Аунг Сан Су Чи.

Слични содржини