МКД.мк: Сепак Јанева со два телефонски повика се спасила од приведување

од desk4
165 прегледи

Основното јавно обвинителство и припадници на Министерството за внатрешни работи вчера имале налог за приведување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во зградата на СЈО, неофицијално дознава МКД.мк.

Додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанева се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутните на овој случај, за порталот тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките се депонирани и во странство.

После ова, налогот за апсење бил заборавен, објави МКД.мк.