Не е тајна дека по грчкото вето во 2008 година, улогата на Европската унија и меѓународната заедница е ослабната во поглед на Македонија. Од тогаш земјата е напуштена од ЕУ и меѓународната заедница. Секако и лидерите во Македонија не помогнаа. Договорот од втори јуни е добар, но сметаме дека не е доволен. Меѓународната заедница, посебно Соединетите Американски Држави мора да се вклучат на повисоко ниво и заеднички трајно да работат со Владата и опозицијата за изнаоѓање на решение, порачува Наим Рашити од Меѓународната кризна група (МКГ) во интервјуто за 24 Вести
Дури потоа треба да се создаде договор. Потребно е помагање на овие институции во спроведувањето на реформи и истрага за инцидентот во Куманово и прислушувањето и директно вклучување со институциите се со цел реформите и истрагите да бидат позначајни од една страна и од друга страна луѓето да веруваат во тоа. Легитимитетот на власта е сериозно потценет тука се и односите меѓу Косово и Македонија во врска со Куманово. Потребна е поголема соработка меѓу двете земји и независни истраги со цел да му се докаже на народот што навистина се случило.
24 Вести: „Бомбите“ и случувањата во Куманово беа предмет на одреден број на извештаи. Најзначајниот е извештајот на Прибе и бриселските експерти, кој во јавноста се критикуваше како правно неоснован. Извештајот на Стејт департментот, пак, во медиумите се релативизираше со посочување на проблеми во други, развиени земји. Дали се надевате дека препораките на Меѓународната кризна група ќе бидат сериозно сфатени?
Наим Рашити: Нема да застанеме тука, само со објавување на извештај. Ќе се вклучиме во лобирање. Ќе имаме конференција во Брисел на дваесет и четврти и веќе разговараме со претставници на земјите членки на Европската унија и трајно ќе разговараме со цел да ја убедиме меѓународната заедница, која е веќе вклучена, поактивно да се ангажира. Извештајот на Прибе е одличен но треба да се проследи, најпрвин со консензуален пристап од политичките лидери во Македонија за потоа да се стави во пракса со создавање на реформи. Се сомневаме дека самите партии или пратениците сами ќе го направат. Од тука препорачуваме вклучување и на меѓународна експертиза во работни групи или што и да е потребно. Истовремено, нашите препораки не се директно кон меѓународната заедница. Клучните играчи на крајот на денот се во Македонија – македонските и албанските политички лидери во земјата. Како и да е ние проценуваме дека е потребен поголем меѓународен ангажман и нема да престанеме да лобираме за тоа.
целото интервју Тука