Млад американски војник се обидел на Русите да им достави тајни податоци за тенковите „Абрамс“

Ли, освен за шпионажа, се соочува и со обвинение според американскиот закон за контрола на извозот на оружје.

од desk2
45 прегледи Фотографија: Defense Visual Information Distribution Service

Тејлор Адам Ли, млад американски војник е уапсен и обвинет, поради сомнеж дека сакал да достави тајни податоци за тенковите „Абрамс“ на Русите.

Ли (22) бил стациониран во базата Форт Блис во Тексас. Тој имал дозвола за пристап до строго доверливи податоци, па сега е обвинет според законот за шпионажа.

Обвинителството вели дека предал мемориска картичка со чувствителни информации на Русин, претставник на руската влада,, а за возврат, според обвинителството, сакал да добие руско државјанство.

Ли, освен за шпионажа, се соочува и со обвинение според американскиот закон за контрола на извозот на оружје.

„Америка не е задоволна со мене оти се обидувам да ги разоткријам нејзините слабости. Во овој момент дури и доброволно би се пријавил да помогнам на Руската Федерација“, наводно рекол Ли.