Млад фудбалер почина на теренот, неговиот татко гледаше сè од трибините

од Stefanija Kuzmanovska
394 прегледи

Уште една трагична вест го потресе светот на фудбалот, а овој пат таа доаѓа од Русија.

Младиот фудбалер Никита Сидоров (18) почина вчера за време на натпревар.

Сидоров играше за младиот тим на Знамје Труде, и се сруши на теренот само пет минути по влегувањето во игра.

Лекарите се обиделе да му го спасат животот на младиот фудбалер, но не успеале во тоа.

– Тој влезе во второто полувреме и по пет минути му беше лошо. Ја изгуби свеста и падна. Лекарите веднаш реагираа, се бореа за неговиот живот половина час, но ние го загубивме – изјави директорот на клубот, Михаил Пузанов.

Таткото на фудбалерот беше присутен на натпреварот, кој се играше во близина на Москва, а тој исто така истрча да помогне.

Официјалната причина за смртта не е утврдена и се сомнева дека станува збор за аневризма, проблем со крвен сад во мозокот.

Неговите соиграчи тврдат дека младиот Сидоров немал никакви здравствени проблеми.

Слични содржини