Млад скопјанец пронајден починат на улица

од Nikola Popovski
386 прегледи

Во текот на вчерашниот ден полицијата добила пријава дека на улица во Скопје било пронајдено починато младо момче.

-На 25.11.2022 околу 17,30 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Патрис Лумумба“ во Скопје бил пронајден починат М.О.(26), при што од лекар е констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција, стои во полицискиот билтен.