Млад скопјанец починал во сообраќајна несреќа на Халкидики

од Vladimir Zorba

Сообраќајна несреќа во која учествувал 22-годишен возач од Скопје се случила во 6.30 часот наутро на патот Полихроно – Ханиоти.

Тој под се уште неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел, пишува грчкиот портал „Халкидики њуз“.

Младиот човек, кој бил на годишен одмор на Халкидики, починал веднаш, откако излетал од шофершајбната од автомобилот.

Неговиот 21-годишен совозач е повреден и пренесен во болницата Полигирос.

Причините за несреќата ги испитува Одделот за сообраќај на Неа Мудања.

Слични содржини