Млад скопјанец пренесен во болница: Бил погоден од огнено оружје, откако излегол од возилото

од Берта Китинска

На 22.10.2021 во 00:06 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди во ногата од огнено оружје бил донесен Б.И.(27) од Скопје.

Според пријавеното, Б.И. отиштол во својата викенд куќа во с.Кучково со Б.Л. и откако излегол од возилото бил погоден од огнено оружје од страна на непознато лице.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини