Млад жител на Тексас отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал

од Берта Китинска
200 прегледи

Триесетгодишен жител на Сан Антонио, Тексас, отишол на „коронавирус забава“ по што се разболел и починал, јави Њујорк пост.

– Мислев дека е лага, им кажал младиот пациент на медицинските сестри пред да почине.

Според весникот, забавата била организирана од лице заразено со Ковид-19, и идејата била да се провери дали вирусот е реален и дали некој може да се зарази.

Американските медиуми пренесуваат извештаи за одржување коронавирус забави од страна на младите луѓе во државите како Аризона или Тексас, јави допсиникот на МИА.

Главно, тие се скептици и мислат дека коронавирусот е лага или пропаганда. Или пак сакаат да добијат антитела сметајќи дека од вирусот умираат само постари луѓе, но факт е дека се повеќе млади и претходно здрави лица, заразени од вирусот, завршуваат во болници или мртовечници.

– Мислам дека направив грешка, мислев дека ова е лага, но не е, кажал младиот тексашанец пред да почине, изјави медицинска сестра за Ен-би-си.

Државите како Тексас, Калифорнија или Флорида се нови жаришта на коронавирусот во САД, и во изминатите денови се регистрираат над 9.000 случаи на инфекција дневно во секоја, додека болничките капацитети се полнат.

Во Сан Антонио, јужен Тексас, на пример, досега се регистрирани над 18.000 случаи, со повеќе од 1.200 хоспитализирани пациенти.

Слични содржини