240
Млада девојка била пронајдена во бесознание на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров, информираат од МВР.
Според полицискиот билтен, на 18.06.2023 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачје на Ѓорче Петров било пронајдено женско лице во безсознание и со возило на Итна медицинска помош лицето било пренесено на Клиника за токсикологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.
Полицијата разговарала со неа, по што било констатирано дека се работи за А.М.(22) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.