Млада девојка се породила на автобуската станица во Белград

од Nikola Popovski
223 прегледи

Дваесетгодишна девојка се породила денеска на перонот за пристигнување на автобуската станица во Белград, јавуваат српските медиуми.

Како што соопштиле од тамошната Итна помош, екипа на таа служба излегла на терен и ги пренела девојчето и бебето на Гинеколошко-акушерската клиника „Народни фронт“.

Од српското МВР информирале дека полициско обезбедување вработено на автобуската станица во Белград после 13 часот пријавило дека девојката се породила со машко бебе во тоалетот од автобуската станица.

Според информации, детето и мајката се во добра здравствена состојба.

Слични содржини