Италијанската одбојкарка на песок Симона Чина (20) е пронајдена мртва во базен за време на забава во приватна вила во Палермо.
Според првичните информации, таа веројатно случајно паднала во базенот и се удавила, а екипата на брзата помош по пристигнувањето можела само да ја потврди нејзината смрт.
Непосредно пред трагичниот настан, Симона споделувала фотографии на Инстаграм и била видена во друштво на двајца млади мажи.
Полицијата веќе започна истрага за да ги разјасни сите околности на трагичниот настан.
За трагедијата се огласи и претседателот на клубот Капасенсе Волеј, за кој Симона настапувала.
„Беше вљубена во одбојката. Играше за нашиот клуб до минатата година и за неа спортот претставуваше сѐ. Работеше и со деца, беше многу посветена. Оваа вест длабоко нѐ погоди. Ќе ја паметиме како разумна млада жена посветена на спортот. Во текот на летото учествуваше на бројни турнири во одбојка на плажа. Навистина голема загуба“, рече тој.
Симона Чина беше студентка по спортски науки на универзитетот во Палермо, а покрај одбојката се занимаваше и со сурфање.
View this post on Instagram