Млада трудница почина во болницата во Штип

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Дваесет и шестгодишна трудница во седми месец починала во штипската болница.

Како што јавува локалната телевизија Стар бремената жена и нејзиното неродено дете починале на акушерското одделение, но се уште не се знаат причините за смртта и како дошло до компликација.

Pregnant woman holding belly

Трудницата синоќа била примена во Итната медицинска помош со симптоми на труење, односно дијареа и повраќање, а откако и е укажана лекарска помош, се вратила дома. Но, рано утринава и се влошила состојбата по што семејството ја однеле на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. По направената анализа на крвта, веднаш е префрлина на Одделението за гинекологија и акушерство. Тимот од лекари процениле дека нејзината состојба е животно загрозувачка за да се транспортира во Клиничкиот центар во Скопје, по што веднаш почнале со нејзина реанимација и се обиделе да го спасат новороденчето, но обидите биле неуспешни.

Раководството на Клиничката болница го потврди случајот и најави дека во текот на утрешниот ден подетално ќе информира за смртта на 26-годишната трудница и нејзиното новороденче. Телото на жената е дадено  на обдукција.