Млада Турчинка тешко повредена во сообраќајка во Скопје

Возило се заби во билборд на скопска раскрсница, настрада 18-годишна девојка

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Фејсбук профил на МВР

Девојка од Турција е тешко повредена откако возило удрило во билборд на скопска раскрсница, стои во полицискиот билтен.

– На 19.11.2025 околу 00:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Пролет“ во Скопје, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.Х.(23) од Турција, изгубило контрола и удрило во рекламен билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.А.Е.(18) од Турција, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини