138
Овој ручек е вистинско уживање…
СОСТОЈКИ:
700 гр млади компирчиња
600 гр пилешки крилца
1 лажица мед
сол
бибер
масло
пипер
лута пипер
рузмарин
кари
лук
1 лажица сенф
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирчињата исечкајте ги на коцки, додајте сол, масло, пипер, лута пипер, бибер и сечкан рузмарин. Сѐ измешате и ставете во плех кој сте го обложиле со хартија за печење.
Крилцата посолете ги и посипете ги со бибер, додајте пипер и лута пипер, сенф, малку сечкан рузмарин и 1 лажица мед и малку лук во прав. Сѐ измешајте па ставете помеѓу компирите.
Печете на 220 степени околу 50-60 минути убаво да поруменат.