Млади луѓе ја губат битката со ковид 19

од Берта Китинска

Се повеќе во земјава млади луѓе ја губат битката со ковид.

Вчера во извештајот на Министерството за здравство беа регистрирани две млади лица кои починале од компликации предизвикани од ковид.

Починатата пациентка на 30 години која, имала претходни коморбитети.

Тоа е најмладото лице кое во последните 24 часа ја загуби битката со коронавирусот. Починало во болнички услови, во болницата 8-ми Септември.

Исто така уште едно лице од Пробиштип на 35-годишна возраст го загуби животот. Тоа најверојатно се лекувало во приватна болница.

Младата трудница одбивала да биде хоспитализирана

22-годишната пациентка која завчера почина од компликации предизвикани од Ковид 19 имала дијабет и хипотироза веќе била примена со мртов плод, вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.

-Таа е дојдена на Клиниката на 23 ноември по третпат. Предходно доаѓала, но одбивала да биде хоспитализирана во делот на ковид позитивните пациенти, односно суспекните случаи иако имала негативен тест.Но, нашата лабараторија покажува дека таа била ковид позитивна бидејќи ги имала симптомите. На 23 била примена со мртов плод и лош лабараторски наод. Веднаш била префрлена во шок соба и била породена со царски рез .Таа била во 37 недела од бременоста, објасни Јовановска.

Државниот санитарен инспекторат ќе го испита случајот со 28 годишното момче

Државниот санитарен инспекторат ќе го испита случајот со 28 годишното момче кое пред два дена почина од компликации предизивикани од Ковид.

„Државниот санитарен здравствен инспекторат ќе спроведе инспекциски надзор околу околностите за смртта на 28-годишен пациент од Скопје кој почина на 8 декември од Ковид-19. Оваа инспекција ќе го опфати целиот третман на пациентот од матичниот доктор до болничко лекување каде што починал, информираа од Државен санитарен здравствен инспекторат.

Инспекторите ќе извршат увид на вкупно 25 сомнителни случаи на средовечни и млади пациенти без други здравствени проблеми кои починале во инфективните одделенија. Во моментов се водат истраги за 11 смртни случаи во сомнителни околности.

Според неделниот Извештај на Институтот за јавно здравје, во период од 30 ноември до 6 декември во 25 градови биле регистрирани 184 смртни случаи како последица на Ковид-19. Најголем број заразени се над 60 години, а голем број пациенти се регистрирани и од возрасната група 30-39.

Залено светло за продолжување на кризната состојба

Кризната состојба ќе се продолжи и во наредните шест месеци односно до 30 јуни 2021 година. Собраниската Комисијата за одбрана и безбедност даде зелено светло за продолжување на предлог Владата заради справување со епидемијата од ковид-19. Сега предлог-одлуката ќе се достави до Собранието кое ќе треба истата да ја потврди.

Од почетокот на епидемијата, вкупно има 72044 дијагностицирани лица со ковид. Досега оздравеле 48170 пациенти, а вкупната бројка на починати е 2077.

Слични содржини