Младите ќе се поттикнуваат на вакцинација со попусти, гратис храна и пијалоци

од Nikola Popovski
379 прегледи

Ќе се стимулираат младите за што поголема вакцинација против Ковид-19. Со сертификатот за вакцина, младите ќе добиваат попусти, гратис храна, пијалок и други награди е предвидено во програмата на новата Влада предводена од Димитар Ковачевски.

Мерките на Владата, како што се наведува, се во насока на одржување на здравствените домови во полна кондиција и со персонал и со број на легла и технички капацитети за да ги опслужуваат граѓаните.

-Процесот на вакцинација е клучен за да се спречат тешки симптоми кај заболените, а со тоа да се спречи и преоптоварување на здравствениот систем, односно да не се доведеме во ситуација во која некој граѓанин не би бил на време и соодветно третиран, стои во програмата.

Слични содржини