249
Деветнаесет годишно момче од Турција почина на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од полицијата.
На 01.02.2024 во 14.30 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“, е пријавено дека околу 12.40 часот починал О.Ј.(19) од Република Турција, со престој во Скопје, кој околу 10.15 часот бил примен кај нив во тешка здравствена состојба.
-Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, соопшти МВР.