573
Младо момче на 26-годишна возраст утринава било пронајдено мртво во када во делчевското село Стамер.
Од СВР Штип информираа дека по насока на обвинител неговото тело е предадено на обдукција.
Смртта кај дваесет и шестгодишникот ја констатирала екипа на Итната медицинска помош од Делчево која се упатила кон неговиот дом веднаш по добивањето повик од роднина на несреќното момче.