ММФ: Грција нема да добие средства од Фондот доколку не ги врати претходните долгови

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Грција нема да има пристап до средствата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доколку го стори тоа што го најави, односно доколку не му го исплати долгот на Фондот, предупреду денеска неговиот портпарол Вилијам Мари.

eko-zivot-po-mmf

Тој нагласи дека секоја земја, која не ги почитува своите обврски кон ММФ, се става во ситуација да доцни со исплатите и при тоа нема пристап до финансиите на Фондот.

Мари додаде дека преговорите со Грција продолжуваат, но оти останува уште многу работа до постигнување конечна спогодба./MIA