На денешната 34. седница Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата според која Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) позитивно одговори на барањето на нашата земја да ѝ биде одобрен Инструментот за брзо финансирање во висина од 175,2 милиони евра како помош за финансирањето на мерките за здравствена и макроекономска стабилизација и исполнување на потребите на билансот на плаќање кои произлегуваат од појавата на КОВИД-19.

Во таа насока, Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија да испратат писмо за намери до ММФ за реализација на овој аранжман.

Слични содржини