Многу од преживеаните од земјотресот покажуваат знаци на посттрауматски стрес

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Сè поголем број пациенти страдаат од посттрауматско стресно растројство и напади на паника, откако го преживеаја минатонеделниот земјотрес во Турција и Сирија.

Лекарите од турската теренска болница во јужниот град Искендерун рекоа дека лекуваат се повеќе луѓе кои преживеале огромна траума по земјотресот, објави „Ројтерс“.

Наведено е дека некои од нив, откако биле извлечени од урнатините по многу часови во студ и темнина, откриле дека членовите на нивните семејства починале или исчезнале, а дека некогаш раздвижените населби во кои живееле биле претворени на купишта скршен бетон.

Слични содржини