Многу важно за корисниците на интернет! Веќе може …

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Од денес секој може да регистрира интернет адреса целосно на кирилица. Над 400 милиони. Се корисниците кои користат кирилицата во светската мрежа, а тоа ќе биде погодност за секој од нив.
Секој интернет сајт има свое име или домен, на пример локално.мк Од денес започна регистрација на домејни целосно на кирилица како вашетоиме.мк .

Во следните 90 дена до месец мај со предност ќе бидат прифатени барања за регистрација на домени за државни институции, установи, трговски марки, географски називи и организации.

Односно, ако зачувате домен на кирилица денес, тој ќе биде достапен не порано од месец мај.

Има и ограничувања – не може приватно лице да регистрира домени како што претседател.мк или парламент.мк. Тоа се заштитени имиња.
Друг пример – ако сакате да регистрирате домен крофни-лиде.мк, но во исто време има фирма која по регистрација го носи истото име. Тогаш правното лице, сопственик на трговската марка со предност ќе  го регистрира овој домејн.

Можно е појава на слични спорови при изборот на домејните на кирилица, затоа размислете како да го заштитите вашиот бизнис од недоразбирања.