Илјадници Романци протестираа против владината политика, преземајќи големи акции во главниот град Букурешт и другите романски градови, објави БНР.

Незадоволството е предизвикано главно од спорната судска реформа , која според демонстрантите ќе направи потешко водењето на случаи против високи претставници за корупција.
На “Плоштадот на Победата” во Букурешт демонстрантите поставија слоган ” Ние ја сакаме Европа, не диктатура! “.
Тие побараа оставка на премиерот Виорика Данчила, како и на претседателот на долниот дом на парламентот Ливиу Драгнеа, и на претседателот на Сенатот Калин Попеску Таричеану.
Демонстрантите, исто така, ги критикуваа економските мерки на владата.
Покрај Букурешт, протестните акции се одржаа во Темишвар, Сибиу, Брашов, Крајова и други градови. Тие беа организирани од повеќе јавни организации.