Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 74. седница со 30 гласови „за“, 41 против и ниту еден воздржан го отфрли предлогот на пратениците Лилјана Поповска и Павле Трајанов за измена на Законот за енегетика по скратена постапка кој предвидуваше граѓаните кои не користат парно, односно го откажале греењето, да не плаќаат надомест. ­

parno-540x320

Законското решение е сосема јасно бидејќи граѓаните се обврзани со некакви правила на Регулаторната комисија за енергетика да плаќаат за енергија во домовите што не ја користат. Апсурдно е некој да плаќа за услуга што ја откажал. Ваквата пракса од порано треба да престане зашто сме веќе пазарна економија, истакна Трајанов, образложувајќи ги измените.

АНАЛИЗА: Кредити за плати и пензии – како ќе се финансираат предизборните ветувања?

По гласањето, реагираше Роза Топузовска Каровска со забелешка дека „не е чесно Трајанов да поднесува вакво решение сега, по дури четири години откако битката за овој проблем е почната“.

– Битката против монополот на БЕГ, да не се плаќа за нешто што не се користи беше одамна почната. Не е чесно после четири години да се поднесе ваков предлог, укажа Топузовска Каровска.

Слични содржини