Мнозинството треба да си ја земе власта, доста беше…

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Претседателот Горѓе Иванов, со тоа што не го доделува мандатот за состав на Влада на СДСМ, практично по втор пат се обидува – да ги одржи на власт ВМРО-ДПМНЕ, исто како што го направи со обидот за аболица, вели за Фактор  Бранимир Јовановиќ. Јовановиќ беше еден од граѓаните кои го кренаа својот глас против таквата одлука на Иванов од пред една година, учествуваше во протестите на Шарената револуција и беше еден приведените, кога незадволните граѓани протестираа пред народната канцеларија на Иванов, ја демолираа и ја запалија неговата слика…

branimir

Тоа што Иванов го направи оваа година, со недавањето мандат на Заев, е практично исто како она што го направи лани, со аболицијата – најгрубо кршење на уставниот поредок на државата. Дали тој се однесува така затоа што е марионета, т.е. е уценет со нешто, или па затоа што е еден од главните актери, т.е. активен креатор на тие политики, е сосема небитно. Битно е дека тој ќе стори сѐ што може за да ја одржи на власт бандата на Груевски. Многу е важно да се сфати и дека тој не се однесува непресметливо, како што некои тврдат, туку совршено рационално за некој кој е дел од ваков криминален режим. Тој знае дека ќе биде санкциониран ако има смена на власта, па затоа ќе стори сѐ што е во негова моќ за да не дојде до тоа.
Вистинските прашања според мене се – дали на парламентарното мнозинство му е јасно ова и дали тие имаат соодветен противодговор на ваквото однесување? Дилетантски е да се очекува дека Иванов ќе го даде мандатот ако се избере претседател на Собранието, или ако парламентарното мнозинство се откаже од платформата, или дури и ако има нови избори и на нив ВМРО-ДПМНЕ убедливо изгуби. Оттука, со чекање да завршат дискусиите во Собранието, па дури и со учеството во нив, ништо не се постигнува, освен што расте разочараноста и апатијата во општеството.

Затоа, парламентарното мнозинство треба да направи добар план за брз избор на нов претседател на Собранието и на нова Влада. Мнозинство треба да си ја земе власта која граѓаните му ја доделија на изборите, а не да дозволува тортура од страна на малцинството.