МНР ќе го организира транспортот на посмртните останки на охриѓанката Јанеска

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека ќе го организира транспорт на посмртните останки на починатата инфлуенсерка Маја Јанеска од Јужноафриканската Република. МНР добило потврда за трагичниот настан преку надлежната Амбасада во Каиро.

-Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопшти МНР.

Маја Миа Јанеска наводно била пронајдена мртва со прострелна рана во главата, објавија јужноафриканските медиуми.

Маја е родена во Охрид, но повеќе од една деценија живеела во Танзанија. Извештаите велат дека таа живеела во Јужна Африка до пред нејзината смрт.

Слични содржини