МНР: Безбедносните органи сериозно да ги земат во предвид заканите на Џамбаски кон Пендаровски

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Министерството за надворешни работи уште еднаш остро реагираше со осуда за изјавите на европратеникот Џамбаски за што по дипломатски пат го известува и Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Во овој случај, Министерството ќе препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент.

„Заканите, изјавите за закани, најавите се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи, очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбаски и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава“, додаваат од МНР.

Слични содржини