МНР: Четири македонски и бугарски амбасади во Европа заедно ќе го чествуваат празникот Св. Кирил и Методиј

од Nikola Popovski
293 прегледи

Од Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека по повод 24 Мај – Денот на Св. Кирил и Методиј, амбасадите на С. Македонија и на Бугарија во Белград, Прага, Варшава и Киев, заеднички ќе го чествуваат денот на сесловенските просветители.

„Во рамките на активностите за одбележување на празникот 24-Мај Денот на Светите браќа  Кирил и Методиј, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се договорија со заеднички настани амбасадите на двете држави во Белград, Прага, Варшава и Киев, да го одбележат и чествуваат овој значаен празник за заедничката историја и за културата на сите словенски народи“, објавија од МНР.

Претседателите на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев, заеднички ќе оддадат почит на делото на Светите браќа Кирил и Методиј во Рим, откако тоа не го сторија минатата година поради влошената состојба со пандемијата на Ковид-19.

Поради здравствените протоколи на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, делегациите, предводени од двајцата претседатели нема да им оддадат почит на големите сесловенски просветители и основоположници на словенската писменост и литература, денеска, туку посетата е планирана за 26 и 27 мај.

Слични содржини