МНР демантира дека Димитров дал оставка

од desk4
66 прегледи

   Министерството за надворешни работи денеска преку соопштение најостро ги осудува, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести и децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи Никола Димитров, дал оставка.

– Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум. Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани, стои во демантот.

Воедно, од МНР бараат одговорност за овој како што го оценуваат „груб фалсификат“.

– Повикуваме на одговорност за овој груб фалсификат, кој и покрај аматерскиот и крајно очајнички обид за лажно продуцирање на официјален акт на министер во Владата на Република Македонија, прави голема штета со тенденциозното пласирање на една огромна невистина, се наведува во демантот од МНР.

Слични содржини