МНР го отповика македонскиот амбасадор во Чешка на сред мандат

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска информира дека амбасадорот на Северна Македонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата на средина на својот мандат поради констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.

Како причина за неговото отповикување, Османи наведе дека имало лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и дека не се испочитувани инструкции од страна на МНР.

Шефот на македонската дипломатија потенцира дека ова било процедура што траела повеќе месеци.

Сопруга на амбасадорот Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска.

Слични содржини