Во врска со земјотресот во кој се случи во Турција и Грција од Министерството за надворешни работи (МНР) информираа дека од Министерството се во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина. Согласно официјалните инфомации од надлежните турските и грчки органи, засега немаме сознанија за повредени македонски граѓани, воедно ниту еден македонски државјанин не се обратил за информација или помош.

Според информациите кои ги објави Агенцијата за управување со кризи на Република Турција (АФАД) на 21 јули, по полноќ, во заливот Гокова (провинцијата Мугла), каде што се наоѓа туристичкиот град Бодрум, местото го зафатиле серија од над 45 земјотреси од кои најсилниот бил со јачина од 6.3 степени според рихтер. Епицентарот на земјотресот бил во непосредна близина на турскиот град Бодрум и грчкиот остров Кос. Според досегашните сознанија, има две жртви на грчкиот остров Кос, истовремено има и повеќе повредени, воедно земјотресот предизвикал сериозна материјална штета.
Од МНР истакнуваат дека македонските дипломатско-конзуларни претставништва (ДКП) во Атина и Анкара активно ја следат состојбата и се во координација со турските и грчките институции. За сите инфомации, велат оттаму, поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Република Турција и Грција активни се следниве телефонски линии:
Амбасада на Република Македонија во Анкара
Фиксен телефон: + 903 12 439 92 04 ; + 903 12 439 92 08
Мобилен телефони: +905303395884; +905385466691
Канцеларија за врски на Република Македонија во Атина
Фиксен телефон: +30 210 67 49 585
Мобилен телефон: +30 694 501 39 50
Министерство за надворешни работи
Лице за комуникација со медиуми, Силвана Ивановска +389 72 239 052